Валенсија минимално со 1:0 славеше над Реал Сосиедад во меч на кој домаќините конечно се израдуваа на триумф во првенството во 2023 година. Некогашниот шпански првак беше во очајна низа и во претходните осум кола имаше седум порази и само едно реми.
Голот за победа на домаќинтие всушност беше автогол на гостинскиот стопер Зубелдија. Валенсија немаше победа во првенството уште од 10 ноември минатата година, што значи по речиси три и пол месеци пауза, ова беше нивна прва радост.
Да биде уште поважна, победата е против екипата која на табелата е веднаш зад вечните ривали Барселона и Реал Мадрид. Сосиедад остана на третото место со 43 бодови, а Валенсија која беше претпоследна на табелата, сега има 23 бодови и е на 17 место последно кое носи опастанок.