Поранешниот турски репрезентативец бил цел за убиство нарачано од неговата сопруга

Сопругата на некогашниот турски репрезентативец Емре Ашик, Јагмур Ашик, е обвинета дека планирала да го убие сопругот. Според обвинението, Јагмур се обидела да поткупи луѓе за да го убијат нејзиниот маж, но идејата ѝ пропаднала.

Прв кој требало да ја заврши работата е Ергиј Сунгуру, кој бил љубовник на Јагмур.

„Имавме љубовна афера. Таа постојано размислуваше само за тоа како ќе ги наследи сите пари по смртта на Емре. Од мене бараше да го убијам, но јас одбив. Во една прилика ми донесе парче месо и побара со пиштол да пукам во месото. Не можев тоа да го сторам и таа беше многу бесна и ми викаше“, открива љубовникот Сунгуру.

Подоцна Сунгуру ја запознал Јагмур со платен убиец, кој претходно имал одлежано во затвор поради убиство на тројца луѓе. Понудата било 10 милиони турски лири (околу 1,3 милиони долари) за убиецот да го ликвидира некогашниот фудбалер. И платениот убиец во последен момент решил да се откаже.

Емре Ашик е дел од легендарната генерација на турската репрезентација која на Светското првенство во 2002 година стигна до полуфиналето во Јапонија и Јужна Кореја. Тој е еден од ретките фудбалери кои можат да се пофалат дека во кариерата имале играно за трите најголеми турски клубови, Фенербахче, Галатасарај и Бешикташ.

 

- Оглас -

Најнови вести