Некогашните европски прваци одиграа бизарен меч: Беше 2:2, а потоа решија да почнат од нула

Во поголем дел од европските фудбалски првенства моемнтално е зимска пауза, па дел од клубовите играат пријателски мечеви. Некогашните европски шампиони ПСВ Ајндховен и Хамбургер одиграа контролен дуел во шпанска Марбелја кој беше невообичаен.

Првото полувреме беше многу возбудливо и заврши со резултат 2:2. При 1:1, ПСВ остана без Рамале кој доби црвен картон и тоа ги расипа плановите на тренерот на холандскиот тим кој сакаше да испроба разни тактики со 11 фудбалери на теренот.

Хамбургер поведе со 2:1, а ПСВ успеа и со играч помалку да даде гол за 2:2. На полувремето, двајцата тренери се договорија ПСВ да може во игра да внесе уште еден играч и повторно да играат со рамноправни сили 11 на 11.

Сепак, главниот судија на овој меч им објасни на двете екипи дека според правилата на шпанската федерација, не е дозволено ПСВ да внесе уште еден играч, без разлика што се работи за пријателски дуел.

Тогаш клубовите се договорија пријателскиот меч да го завршат по само едно одиграно полувреме, а потоа да одиграат уште едно полувреме, но овојпат како нов меч од 0:0 и на теренот да има 22 играчи. На крајот, новото полувреме заврши со резултат 0:0, но ќе се памти овој меч како еден од најневообичаените.

- Оглас -

Најнови вести