Некои деца на Ванда Икарди се за Бока, некои за Ривер, ама сите се за ПСЖ (Фото)

Семејството Икарди за време на божикните празници се прибра во Буенос Аирес, а имаше и роденденска прослава, синот Константино наполни 11 години.

На фотографијата која ја објавија мајката Ванда и очувот Мауро Икарди, се гледа како некои од синовите носат дресови на Ривер плејт, а славеникот е во дрес на ривалот Бока јуниорс, плус и тортата е во сино-жолтите бои на Бока.

Синовите на Ванда се од Макси Лопес, а со Икарди има две ќерки. Можеби Ривер и Бока им се омилени клубови на децата, но само во Аргентина, кога се во Европа, сликата е поинаква.

Мајката Ванда еднаш им облече дресови на Милан, и тоа во време додека Икарди играше за Интер.

Сега кога Икарди е член на ПСЖ, сите мора да носат дресови на парискиот клуб.Најстариот син Валентино, игра во младинските категории на ПСЖ и на 14 меча има дадено 14 гола.

 

 

- Оглас -

Најнови вести