Некои француски ѕвезди не се воодушевени што првиот стрелец во НБА одлучи да игра за Франција

Веста дека центарот на Филаделфија 76-ерс и прв стрелец во НБА-лигата сезонава, Џоел Ембид, почнал процедура за добивање француско државјанство со цел да игра за репрезентацијата на оваа земја силно одекна во кошаркарските кругови.

Ембид е Камерунец, но никогаш не играл за репрезентацијата на својата родна земја, и тоа остави простор да заигра за некој друг национален тим. Изборот му е Франција и би имал статус на натурализиран.

Кон крајот на јуни, Ембид треба да дојде во Франција и да ги заврши процедурите околу комплетирање на документацијата.

Ембид сезонава во НБА имаше просек од 30,6 поени и 11,7 скока по меч, па ќе претставува луксузно засилување за Триколорите на Евробаскетот во септември. Но, главна причина зошто Ембид сака да игра за Франција најверојатно е настапот на Олимписките игри во Париз во 2024 година.

Уште во 2018 почна да се зборува за можна натурализација на Ембид, а тогаш некои ѕвезди, како Фурние и Поарие, како и легендата Тони Паркер, беа против. Веројатно сега ниту на Гобер нема да му биде сеедно што нема да биде главен центар.

- Оглас -

Најнови вести