Некои фудбалери нема да играат утре против Баерн, не можеле да земат годишен одмор

Најдобриот тим во Океанија, новозелански Окленд сити, како континентален првак си обезбеди место на Светското клупско првенство кое ФИФА сакаше да биде инклузивно, но овој клуб е аматерски и се соочува со проблем пред утрешниот меч со Баерн Минхен.

Повеќето играчи на Окленд работат нешто друго, фудбалот им е занимација во слободно време, па за да заминат во САД на СКП, морале да земаат денови од годишните одмори. Но, имало и такви кои периодов не можеле да земат одмор и нема да играат на историското прво Светско клупско.

Ждрепката сакаше Окленд да биде во една од најсилните групи, ривали им се Баерн, Бенфика и Бока јуниорс, па овие рботници-фудбалери кои не отпатуваа, ќе пропуштат прилика да си ги одмерат силите со три гиганти на светскиот фудбал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести