Некои летни „засилувања“, не се покажаа како засилувања

Низ Европа сезонава играат многу фудбалери за кои летово беа платени големи пари, а тие играчи не ги оправдуваат инвестициите во нив. Наместо главни играчи и први ѕвезди во тимовите, некои од „засилувањата“ често се на клупа, или се повредуваат, па не играат.

Еден од најскапите играчи кои во овие два месеци не покажа ништо посебно е Матајс Де Лихт, за кој Јувентус плати 85 милиони евра. Холанѓанецот Де Лихт важи за најдобар млад дефанзивец во Европа, но не го издржува притисокот, и има два жолти картони и по некој автогол. Играше на пет меча во Серија А и два во ЛШ.

Во ова друштво е и Хари Мегваер, за кого Манчестер јунајтед плати дури 87 милиони, за да биде столб на одбраната на Јунајтед, и да ги загрозува противниците при корнери. Екс играчот на Лестер, не ги оправдува очекувањата. Манчестер има најслаб старт во последните 30 години, а Мегваер ниту дава голови, ниту придонесе да примаат минимален број на погодоци.

Арсенал за Пепе кој лани за Ликл даде 22 гола, плати 80 милиони, а играчот од Брегот на слонова коска уште на африканскиот куп на нации покажуваше знаци на слабост. За Арсенал даде само еден гол, и тоа од пенал, па против Манчестер се најде меѓу резервите.

Од напаѓачите потфрла и Лука Јовиќ, кој уште чека на својот прв гол за Реал Мадрид. Јовиќ лани растураше за Ајнтрахт, но трансферот во Реал не го оправда, па загуби место во репрезентацијата. Антоан Гризман не е толку лош, но како за некој за кој се платени 120 милиони, може повеќе.

Рабио се мачи во Јуве, не добива минутажа, но тој барем беше донесен без пари, па клубот и не е во минус. Многу повеќе се очекуваше од Французинот Ндомбеле за кој Тотенхем плати 60 милиони. Тотенхем ја утна работата и со Ло Селсо, а на Малком ниту преминот во Зенит не му донесе ништо, откако претходно не се наметна во Барселона.

Десниот бек Жоао Кансело од Јувентус прејде во Манчестер сити за 65 милиони, но премиерлигата не му легна, а како за белја, Кајл Вокер почна да игра добро, па Португалецот е закован на клупа.

- Оглас -

Најнови вести