28.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Некои обложувачи тријат раце благодарение на Македонија, со Украина „еден во два“, со Англија „7+“!

Болниот пораз дома по водството на полувреме од 2-0 против Украина и најтешкиот пораз во историјата го направија овој јунски циклус најцрн во постоењето на македонската фудбалска репрезентација.

Примивме 10 гола на двата меча, и не само тоа.

Со обложувачки речник, против Украина загубивме со „кец во два“, што носеше огромна квота 28.5, а вечерва против Англија со „7+ голови“, игра за која ако уплатевте во Sport Life, ќе добиевте квота 17.5.

Се појавија обложувачи коишто имаа тикети со погоден пресврт против Украина, веројатно има и такви кои погодиле дека на „Олд Трафорд“ ќе паднат седум или повеќе гола и веројатно само за нив овие резултати и не се толку разочарувачки и шокирачки, туку „очекувани“.

- Оглас -

Најнови вести