Некој нов Јунајтед – „Ѓаволите“ подобри од Евертон

Манчестер јунајтед го совлада Евертон со 2-1 во последниот меч од денешната програма во Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ стигнаа до три бода благодарение на Пол Погба, кој ја имаше главната улога на оваа средба.

Тимот на Мурињо влезе со многу самодоверба на мечот, па заслужено стигнаа и до предност во 27-та минута, кога беше досуден пенал во корист на Јунајтед. Пикфорд прво му одбрани на Погба, а Французинот ја смести одбиената топка за 1-0.

Со почетокот на второто полувреме, „црвените ѓаволи“ ја дуплираа предноста, откако Погба овој пат се најде во улога на асистент, а Марсијал ја смести топката во мрежата. Судијата додели пенал и за Евертон во 77-та минута, а Сигурдсон врати барем малку надеж за гостите, кои сепак на крајот го претрпеа третиот пораз сезонава.

Јунајтед со овој триумф се искачи на осмата позиција на табелата со 17 бода, застана точно пред Евертон кој има два бода помалку.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести