Во еден од објектите на Sport Life во Тетово минатата среда обложувач уплатил 100 денари на тикет дури со 25 пара и во неделата стана јасно дека овој мајсторски одигран тикет ќе биде добитен со погодена вкупна квота од над 2.000.
На овој тетовец омилена игра му е да типува дека одреден фудбалски тим ќе постигне два или повеќе голови на натпреварот и кај сите 25 пара типувано е тоа, Т1 или Т2 2+. Квотите се мали, но кога ќе се соберат, излегува огромна вкупна квота, а и не е лесно да се погодат исходи дури на 25 средби.
Откако му беа погодени првите 24 меча, сите фаворити на тетовецот постигнаа барем два гола, за крај остана за бруто-добивка од над 200.000 денари да чека Реал Мадрид да даде два гола на гости кај Алавес. Вториот гол Реал го даде во 76-тата минута и радоста можеше да почне.


