Неколку чисти фиксови за крај на годината

1305 Валенсија – Еспањол (16.15 часот)

Лилјаците се разлетани во последно време, имаат три победи по ред, сите во мечеви на кои примаа и гол, и ќе се обидат годината да ја завршат со нов триумф, кој барем привремено би ги искачил на четвртото место. Еспањол исто така често и дава и прима голови, но традицијата не најавува голови. Последните три нивни дуели на „Месталја“ завршувале со 0-1 гол. Еспањол од јануари 2017 нема дадено гол во Валенсија, а за победа не знае 14 години. Еспањол уште од октомври нема играно нерешено.

Предлог тип: 1 (1.85)

 

1313 Еибар – Реал Сосиедад Б (16.15 часот)

Овој меч од втората шпанска лига е мало баскиско дерби. Еибар е втор во Сегунда дивизија и се бори за враќање во елитата, додека вториот тим на Реал Сосиедад е претпоследен и има низа од пет порази по ред. Еибар е фаворит, но не затоа што е многу силен или во голема форма, туку гостите се очајни. Б тимот на Сосиедад има осум порази во последните девет кола. Во септември, Еибар славеше во Сан Себастијан со 3-2.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.30)

 

5730 Ал-Вахда – Ал-Џазира (16.30 часот)

Ова е дуел на вториот и петтиот од табелата во првенството на Обединетите Арапски Емирати. Ал-Вахда во минатото коло претпрпе пораз и сега има 10 бода помалку од лидерот Ал-Аин, но и меч помалку, па може да дојде на минус седум. Ал-Вахда прими само 7 гола во 11 кола сезонава, додека Ал-Џазира има примено двојно повеќе погодоци, а сезонава има само еден нерешен резултат. Ал-Џазира уште од март не знае за гостинска победа.

Предлог тип: 2-3 гола (1.99)

 

1552 Рио Аве – Ковиља (18.00 часот)

Рио Аве се надева на враќање во првата португалска лига, моментно е трети и ако победи против Ковиља, ќе дојде на три бода негатива од водечката Бенфика Б. Рио Аве во минатото коло победи,и прекина мини-низа од два порази по ред, додека Ковиља е тим кој победи во минатото коло пред десет дена и со тоа прекина серија од три порази едноподруго. Ковиља е доста неефикасен тим, има дадено скромни 10 гола на 15 меча.

Предлог тип: 1 (1.90)

 

8001 Бостон селтикс – Феникс санс (19.00 часот)

И НБА-лигата не застанува во денот кога се чека Нова година, овој меч во Бостон ќе се игра со почеток во 13 часот по локално време, што значи дека мечот се игра за време на ручек. Феникс заедно со Голден стејт се најуспешни екипи сезонава, но Санс претрпе два порази во претходните три меча. Бостон е десетти на Истокот, има три порази по ред и лесно би можел повторно да ги разочара своите навивачи. Кај Селтикс заразени со ковид се Кантер, Мајлс, Шредер и Тејтум, додека кај Феникс позитивни се Ајтон и Краудер, но имаат и повредени. Феникс губеше на последните две гостувања во Бостон, но на 11 декември дома го победи Селтикс со 21 разлика.

Предлог тип: 2 (1.57)

- Оглас -

Најнови вести