Неколку дерби-дуели се дел од новиот предизвик за сите прогнозери

Новото 22-ро коло на Спортска прогноза нуди нови 13 натпревари од најсилните лиги во Европа кои ќе бидат предизвик да се погодат фиксовите и да се добие вреден подарок. За перфектно прогнозирани 13 мечеви, односно погодување Среќна 13-ка, може да се одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5).

За 12 погодени мечеви, прогнозерот ќе си добие ваучер од Sport Life од 1.000 денари, додека за 11-ка, ваучерот е 500 денари.

Од сите понудени мечеви, еден од најатрактивните ќе биде градското дерби меѓу Манчестер сити и Манчестер јунајтед. Двата тима од Манчестер со различни пресметки влегуваат во оваа битка. Сити е во трка за титулата, а Јунајтед се бори за место кое ќе ги одведе во европските купови за следната сезона.

Во италијанската Серија А, актуелниот првак Наполи му е домаќин на Јувентус, а тука се и останатите дуели, кои секако се интересни и ќе биде голем предизвик да се погоди вистинскиот фикс.

- Оглас -

Најнови вести