Неколку дерби-дуели во новото коло на Спортска прогноза

Новото 12-то коло на Спортска прогноза започна. Веќе ги имате на располагање новите 13 натпревари на кои треба да прогнозирате во обид да стигнете до подароците кои ги обезбедуваат Sport Life обложувалниците. За Среќна 13-ка, односно сите погодени мечеви, може да освоите мобилен телефон „ајфон 11“. Подароци има и за 11 и 12 погодоци, а тоа се вредносни ваучери од Sport Life во износ од 500, односно 1.000 денари.

Се надеваме дека прогнозерите ќе бидат многу поуспешни од минатото коло, кога беше забележан и рекордно лош пласман. Од 2.415 прогнозери, дури 97 не успеаја да погодат ниту еден од 13-те натпревари.

Во новото коло има неколку дерби-дуели кои привлекуваат посебно внимание. Во лондонското дерби Челзи игра против Тотенхем, а во Италија играат Наполи – Рома. Колото ќе започне во сабота, во 15:30 часот, со дуелот од германската Бундеслига меѓу Унион Берлин и Ајнтрахт Франкфурт.

Не чекајте, проверете кои се 13-те мечеви за прогнозирање и играјте Спортска прогноза. Бесплатно е!

- Оглас -

Најнови вести