Второто коло од седмата сезона на бесплатната Спортска прогноза на Sport Life носи можност за сите обложувачи коишто имаат SL картичка со точно типување да стигнат до некој од вредните подароци.
Веќе може да се прогнозира, а како и секогаш, главна цел е да се погодат фиксовите на 13-те пара од основната понуда. Со погодена 13-ка, сами си го бирате подарокот.
Типувањето за ова коло трае до сабота, во 15.30 часот, кога почнува мечот Бохум – Борусија Менхенгладбах. Од саботните средби тука се и Евертон – Борнмут, Ипсвич – Фулам, Атл. Билбао – Атл. Мадрид, Еспањол – Рајо Ваљекано, Лацио – Милан и Спортинг – Порто.
И неделните мечеви се интересни со дербија. Паровите се: Њукасл – Тотенхем, Ман. Јунајтед – Ливерпул, Ле Авр – Оксер, Севиља – Жирона, Лил – ПСЖ и Јувентус – Рома.
За перфектно прогнозирање, односно 13 погодоци, прогнозерот ќе си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). Подароци има и и за оние коишто ќе имаат една или две утки. Со 12 погодени пара се добива вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.
Важно е константно да се игра секое коло на Спортска прогноза затоа што се собираат и вкупниот број погодени мечеви, а на крајот од сезоната следуваат подароци за најдобрите во генералниот пласман, и тоа: Најдобриот на крајот од сезоната ќе добие Ваучер од „Анхоч“ во вредност од 30.000 денари, за вториот следуваат 500.000 SL Market поени, за третиот ќе има 400.000 SL Market поени, за четвртиот ќе има 300.000 SL Market поени и 200.000 SL Market поени за петопласираниот во генералниот пласман.