Неколку изненадувања ги „минираа“ прогнозерите во 28-мото коло на Спортска прогноза

Победата на Адмира против Матерсбург, на Мореиренсе кај Боавишта, на Хорсенс против Брондби, па и триумфот на Осиек кај Локомотива Загреб, како и ремито на Волфсбергер со ЛАСК ги изненади најголемиот дел од прогнозерите кои типуваа во 28-мото коло на Спортска прогноза.

Паузата како да влијаеше негативно и врз прогнозерите, па викендов најдобриот број погодени натпревари беше 9. Двајца прогнозери имаат деветки. Ова значи дека ќе нема награди, го чекаме првиот добитник на „Ајфон“ во втората сезона, но веќе во следното коло ќе има повеќе парови со попознати тимови од најсилните лиги, па можеби успехот во прогнозирањето ќе биде поголем.

Само 6,4 отсто од прогнозерите типуваа на Матерсбург против Адмира, а и резултатот на друг меч од Австрија беше изненадување за прогнозерите. Ремито на Волфсбергер и ЛАСК беше исход што го погодија 12,5 отсто од учесниците во нашата бесплатна игра.

Скромни 5,5 отсто од прогнозерите „намирисаа“ победа на Мореиренсе кај Боавишта, а најголемо изненадување е победата на Хорсенс против Брондби во данската лига. На единица типуваа 3,8 проценти од прогнозерите.

Во Генерален пласман на врвот нема промени, веќе подолг период лидер е Христијан Т., кој по ова коло има 192 поени. Разликата во однос на конкурентите е комотна, и изнесува 14 поени пред вториот Николче Д. и 15 пред Пеце К. Главната премија е ТВ смарт од 48 инчи, што ќе му се додели на шампионот на крајот од втората сезона на Спортска прогноза, а од второ до петто место се наградува со SL market поени.

Веќе од утре очекувајте нè со новото коло на Спортска прогноза и нов предизвик да се погодат 13+2 пара во трката за убави награди што ги доделува Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести