Неколку мајсторски погодени тикети: На еден обложувач „му се сониле“ резултатите на полувреме

Шпанија и Англија ќе играат во финалето на Европското првенство. Шпанија со 2:1 ја победи Франција во меч на кој сите три гола беа постигнати во првото полувреме, додека Англија со гол во 90+ минута ја победи Холандија откако на полувреме беше 1:1.

Многу интересни добитни тикети се појавија по завршување на двете полуфиналиња, а секако еден од најинтересните е тој на којшто се погодени точните резултати на полувреме. На социјалните мрежи во групите специјализирани за обложување се појави тикет на кој обложувач во Sport Life прогнозирал дека Шпанија со 2:1 ќе води против Франција на полувреме, комбинација што носи квота дури од 41.

Погодено е и дека на Англија – Холандија на полувреме резултатот ќе биде 1:1, што е со квота од девет. Двата погодени резултати на полувреме носат вкупен добитен коефициент од 379.25, па на тикетот на којшто има вложено скромни 20 денари, добивката е 6.450 денари.

Има добитни тикети и на похрабри обложувачи, па така на тикет со 1.000 денари влог, добивката е 14.600 нето-добивка откако е погодено дека на Холандија – Англија на полувреме ќе биде нерешено, а на крајот Англија ќе победи во дуел на којшто ќе има од три до четири гола. На полувреме беше 1:1, а Англија со гол во 90+ минута стигна до победа од 2:1.

Тука се и два тикети на коишто има убави добивки. На едниот е погодено дека Шпанија и Англија ќе победат во дуели на кои ќе има барем по два гола во првото полувреме, додека вториот тикет е дека на двете полуфиналиња во првиот дел ќе биде ГГ ситуацијата, односно дека двата тима ќе постигнат барем по еден погодок.

 

- Оглас -

Најнови вести