-1.2 C
Skopje
петок, 19 декември 2025

Неколку новини ќе има во ЛШ, главна е „преземањето“ на предноста на домашниот терен

Лигата на шампионите вечерва го почнува 71-вото издание на најсилното клупско натпреварување во Европа, а 34-то откако беше преименувано во ЛШ на УЕФА.

Натпреварувањето дебитираше во нов формат во минатата сезона, а сега УЕФА ќе имплементира други „дотерувања“.

Финалето ќе се игра на „Пушкаш аренате“ во Будимпешта на 30 мај 2026 година, а финалниот натпревар нема да се игра во 21 часот, како што беше случај во последните изданија, туку во 18 часот.

Почнувајќи од сезоната 2025/26, осумте екипи што ќе завршат највисоко во лигашката фаза ќе добијат предност на домашен терен во сите нокаут-рунди. Но, ако еден клуб елиминира друг тим кој завршил повисоко во лигата во нокаут-фазата, тој автоматски го наследува тој статус на првопласиран и секогаш ќе го игра реваншот дома.

Во минатата сезона прв беше Ливерпул, а во осминафиналето испадна од ПСЖ. Со новото правило сега ПСЖ би играл реванши дома и во четвртфиналето и евентуалното полуфинале.

Останува исто дека првите 8 од лигата одат директно во осминафинале, а за другите осум места ќе се борат екипите кои ќе бидат од деветтото до 24-тото место. Тимовите што ќе завршат помеѓу 25-тото и 36-тото место ќе бидат елиминирани.

- Оглас -

Најнови вести