Кошаркарите на Барселона го победија Олимпијакос со 76-74 во најинтересниот вечерашен натпревар во Евролигата. Исходот можеше да биде поинаков ако Грците имаа повеќе среќа во последните секунди, кога имаа два зицери за изедначување.
Целата драма почна кога при 74-74, Слукас утна, а Хигинс од Барса беше фаулиран на 6,3 секунди до крајот. Тренерот Барцокас реагираше бурно и доби техничка. Хигинс ги погоди двата пенали, но Миротиќ го утна она за техничката, па при 76-74 за Каталонците, Пирејците тргнаа во напад.
Спанулис од позиција за тројка ја фрли топката во бунар, но ја фатија домашните кои утнаа шут за реми, по што следуваше нов офанзивен скок и нова утка од одбојка. Дури од трети обид Принтезис погоди некако, но беше предоцна, тој погодок беше поништен.
https://twitter.com/i/status/1354897416110149638