Неколку зицери кои не смее да се пропуштат

6864 Грузија – Шпанија (18.00 часот)

Гостите во овој дуел влегуваат како фаворити, и желни за победа после поразот од Шкотска во минатото коло. Грузија има 4 бода, еден повеќе од Шпанците, но Грузијците одиграа и еден меч повеќе. За Кварацхелија и другарите и реми би било успех. Во досегашниот дел од квалификациите за ЕП, овие два тима секогаш играа дуели со 2-3 гола. Последните два меѓусебни дуели кои беа играни во 2021 година во квалификациите за СП 2022, ги доби Црвената фурија, во Тбилиси беше 2-1.

Предлог тип: 2 & 2-3 (2.70)

 

6865 Словачка – Португалија (20.45 часот)

Португалија е перфектна досега во циклусот, има 12 бода од четири меча и уште нема примено гол, а постигнаа 14. Словаците се втори со 10 бода со скромна гол-разлика 5-1. Овие селекции не играле меѓусебе во последните 18 години. Квотите за конечен тип ја фаворизираат гостинската репрезентација во чии редови ќе фалат неколку играчи, но и без нив имаат силен тим способен да ја победи Словачка.

Предлог тип: 2 & 2-4 (1.98)

 

6866 Кипар – Шкотска (20.45 часот)

Шкотите се убедливо први во група во која е и Шпанија, ги добија сите четири меча и на добар пат се да се најдат на ЕВРО 2024. Кипар нема бодови после три одиграни кола. Во март во Глазгов, Шкотска дома го победи Кипар со 3-0 (единствен од трите меча на кој Кипраните не дадоа гол), но вториот и третиот гол паднаа во финишот, после 87-ма минута. Традицијата на нивните меѓусебни дуели најавува ефикасен меч.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.88)

 

6868 Хрватска – Летонија (20.45 часот)

Летонија во првите три кола загуби трипати, и сите порази беа со по еден гол разлика. Хрватите во двата одиграни меча собраа четири бода, а играа со Велс и Турција, и не смеат да си дозволат кикс против аутсајдерот во групата. Овој меч се игра во Риека, а Летонците повеќе од една година не знаат за победа. Летонија само еднаш дала гол против Хрватска во меѓусебните дуели, и тоа кога се сретнаа првпат во 2001 година.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (1.84)

 

6867 Турција – Ерменија (20.45 часот)

Ерменците во претходните две кола победија, па ги измешаа работите во групата во која фаворити за првите две позиции се Хрватска, Турција и Велс. Турција е лидер со 9 бода од четири меча, но на само еден од четирите дуели не примија гол, па има иста гол разлика како и Летонија која одигра еден меч помалку. Домашните се фаворити на овој меч во Ескишехир, иако Ерменија со победата во Велс покажа дека е опасен гостин. Пролетоска во Ереван, Турција како гостин ја победи Ерменија со 2-1.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (1.85)

- Оглас -

Најнови вести