Барселона води со 2-0 по првото полувреме на гостувањето кај Мајорка, а Барса има и двајца играчи повеќе на терен, па јасно е дека актуелниот шпански првак одбраната на титулата ќе ја почне со убедлива победа.
Но, речиси како и секогаш кога играат Барса и Реал, под посебна лупа се судиите кои според многумина ги толерираат и им помагаат на гигантите.
Вечерва Барса голот за 2-0 го постигна додека на терен лежеше капитенот на Мајорка. Домашните чекаа играта да биде прекината, и нивната конфузија ја искорити Феран Торес.
После ова порасна нервозата кај Мајорка, па судијата исклучи двајца играчи на домашните и дополнително ги осакати, но заслужено. Муриќи доби директен црвен картон откако го копачка в лице го удри голманот Жоан Гарсија. Во финишот на првиот дел Рафиња направи фаул за кој доби жолт картон, а беше на граница да биде и исклучен.