Некористење зицери е она што ги спојува Швеѓаните и Шпанците (видео)

Фудбалерите на Шпанија и Шведска жалат што нема барем еден гол во меѓусебниот дуел кој се игра во Севилја. По 45 минути мрежите мируваат, а виновни се напаѓачите Мората и Исак што нема резултатска промена.

Најпрво голманот Олсен изведе маестрална интервенција спасувајќи чист гол на Олмо во 17-тата минута.

Amazing save by Robin Olsen (Sweden) vs. Spain from soccer

Во завршните минути од првиот дел, Мората не искористи грешка на шведската одбрана, па неговиот шут заврши до левиот дирек од погрешната страна.

Веќе во следниот напад на Шведска, Исак се најде во соло-акција, па дури вториот негов обид можеше да заврши во мрежата на Фуријата, меѓутоа Љоренте реагираше врвно и ја спречи топката да влезе во неговиот гол.

- Оглас -

Најнови вести