Нема бегање за Алаба, титулата ќе биде гарнирана со продолжување на договор

Давид Алаба потврди дека ќе продолжи да игра за Баерн, а речиси сигурно ќе има причина за двојно славје, да се закити со титула во Бундеслигата и да стави нов потпис на договор со најтрофејниот клуб во Германија.

„Ќе почекаме прво титулата пак да дојде во витрините на Баерн, па потоа ќе се договориме за продолжување на соработката“, изјави Алаба за германски „Спорт1“.

Актуелниот договор на бекот на Баерн е со важност до 2021 година, но Баерн веќе смета на Алаба и во следниот период.

Австриециот има 27 години, а професионалната кариера ја почна во 29-кратниот германски шампион. Како младинец Давид играше во Австрија, а во Минхен се пресели во 2009 година и има долг стаж како играч на Баварците.

Има одиграно 245 натпревари за актуелниот првак и постигна 20 голови, а една сезона мина како позајмен играч во Хофенхајм.

- Оглас -

Најнови вести