Нема бегање за Погба од Манчестер – Јунајтед ја активираше клаузулата за уште една година престој

Манчестер јунајтед активираше клаузула од договорот со Пол Погба и францускиот репрезентативец ќе мора да остане на „Олд Трафорд“ до 2022 година, и не може да биде слободен играч идното лето.

Погба се надеваше дека ќе си замине за една година, а како што и самиот објави сон му беше да заигра за Реал Мадрид. Сега таа мисија ќе биде многу потешка за исполнување, односно Реал ќе мора да ја плати отштетата за Погба идното лето, ако сака да го има во своите редови.

Токму по неколку такви изјави на Погба дека сака да биде член на Кралскиот клуб, Црвените ѓаволи се одлучија да ја активираат клазулата што постои во договорот со францускиуот ас и сега тој важи до 2022 година.

„Погба е наш играч и ќе биде со нас уште две години. Очекуваме од него да биде на рангот на квалитетот што го има и да игра најдобро што знае“, изјави Оле Гунар Солскјер, менаџерот на Манчестер јунајтед.

 

- Оглас -

Најнови вести