Нема чекање, Ибрахимовиќ ќе биде стартер уште против Сампдорија

Резултатите од лекарските тестови, плус голот и асистенцијата на пријателскиот меч против нисколигашот Родензе, најверојатно ќе го сместат Златан Ибрахимовиќ во почетниот тим на Милан на понеделничкиот меч со Сампдорија. Италијанските медиуми најавуваат дека не само што Златан ќе игра, туку ќе биде и стартер, а Кжиштоф Пјонтек ќе биде резерва.

Ибрахимовиќ после речиси осум години, се врати во Милан, и со нетрпение го чека своето второ деби во црвено-црниот дрес. Иако е на залез на кариерата, 38-годишниот напаѓач е големо засилување за Росонерите. Иако се најавуваше дека првпат ќе заигра на 15 јануари во куп дуелот со СПАЛ, сепак изгледа дека е подготвен да биде стартер уште задутре, иако два месеци нема одиграно официјален натпревар.

Продадени се 56.000 билети, атмосферата на „Сан Сиро“ ќе биде жешка, сите сакаат да го видат Златан. Во офанзивното трио, тој би требало да игра со Сусо и Чалханоглу, а Пјонтек ќе чека шанса од клупата.

- Оглас -

Најнови вести