Џордан Хендерсон, капитенот на Ливерпул, е меѓу првите фудбалери кои направија потег и се вклучија во „војната“ меѓу УЕФА и европските гиганти во создавањето на Суперлигата.
Проектот го започнаа претседателите на 12-те најбогати клубови од Стариот Континент, без воопшто да се консултираат со самите фудбалери и тренерите, а притоа најголеми последици може да претрпат токму тие ако се знае дека УЕФА се заканува со забрана за настап на репрезентативно ниво.
Хендерсон, како капитен на еден од клубовите основачи на Суперлигата свика итен состанок меѓу останатите капитени од англиското првенство, на кој главна тема ќе биде токму новото оформено елитно натпреварување. Голем дел од фудбалерите од Премиер лигата веќе се пожалија дека не прифаќаат никаква Суперлига, па се верува дека овој состанок ќе заврши со едногласен став на играчите околу одбивање да учествуваат во затворена лига.