После вчерашните тесни и драматични четвртфиналиња меѓу гигантите на кои доминираа одбраните, за денеска се очекуваат поефикасни мечеви.
Вечерва во Берлин, Холандија игра со Турција, а статистичките показатели најавуваат толема ефикасност. Овие две селекции последен пат играле меѓусебе во квалификациите за СП 2022 и на тие два меча паднаа вкупно 13 гола, на едниот 7, на другиот 6 погодоци.
Плус тоа, ЕП во Германија на сите четири досегашни мечеви на Турците, паѓаа барем три гола и речиси секогаш беше со ГГ и 3+.
Тука е Специјалниот сингл на Sport Life со безброј игри поврзани со мечот. Овој меч тешко дека ќе заврши беа гол во регуларните 90 минути, па добра опција е да се обложите на некој поединец за кој мислите дека ќе биде стрелец. На пример Коди Гакпо на сите три меча на кои играше даде гол за Лалињата, а тука ви се нуди одлична квота за комбинацијата победа на Холандија и гол на Гакпо.
Доколку бркате многу големи квоти за стрелци, ќе треба да чекате некој Турчин да биде прв што ќе ја тресе мрежата или да типувате оти ќе има автогол или повеќекратен стрелец.