26.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Нема да игра на Мундијалот во Катар поради направена глупост

Селекцијата на Сенегал изненадувачки остана без еден од фудбалерите кои требаше да играат на Светското првенство во Катар. Кеита Балде Диао, играчот на Спартак Москва, доби суспензија од 90 дена затоа што навремено не се појавил на допинг-контрола.

Балде бил повикан на допинг-контрола додека минатата сезона го носеше дресот на Калјари во Серија А, но Сенегалецот не се појавил да даде примерок.

„Кеита Балде е суспендиран од Светската антидопинг агенција (ВАДА) на 90 дена поради прекршување на протоколот за антидопинг-тест по натпреварот Удинезе – Калјари (5:1) на 3 април 2022 година“, стои во извештајот на ВАДА.

Суспензијата на Балде ќе трае до 5 декември, што автоматски значи дека тој нема да може да биде повикан во составот на Сенегал за Светското првенство, кое на 18 ноември ќе започне во Катар.

На Мундијалот во Катар, Сенегал е во група со домаќинот и со Еквадор и Холандија.

- Оглас -

Најнови вести