Нема да игра против Калјари: Фиорентина се шокира од изборот на Влаховиќ за нов клуб

Денешните возбудувања во Серија А започнуваат од 12:30 часот со дуелот Калјари – Фиорентина. Гостите ја имаат фаворитската улога, но Виолетовите ќе бидат без првата ѕвезда во тимот, Душан Влаховиќ.

Српскиот репрезентативец не е ниту повреден, ниту болен, па затоа единствена логична причина зошто тој денеска нема да игра е подготвување на трансфер. Најновите информации од Италија велат дека менаџерот на фудбалерот веќе направил контакти со челниците на Јувентус и целата работа треба да биде завршена до крајот на јануари.

Влаховиќ уште пред неколку месеци најави дека сака да си замине, а сега се споменува трансфер од околу 70 милиони евра. Доколку Фиорентина сега не го продаде својот капитен, постои ризик да го загубат бесплатно.

И без Влаховиќ, Фиорентина денеска треба да ги освои трите бода против Кајлари затоа што домаќините имаат огромни проблеми околу составот, па дури 16 фудбалери се на листата на оние кои нема да играат против Виолетовите.

- Оглас -

Најнови вести