Италијанскиот фудбалски клуб Торино објави дека четворица играчи се позитивни на Коронавирусот на стандардното тестирање кое се прави пред секој меч. Засега не се познати имињата на играчите, но се знае дека двајца се заразиле додека биле на репрезентативни обврски.
Освен фудбалерите, позитивен на опасниот вирус е и тренерот на Торино, Марко Џампаоло, кој нема да го води тимот на денешниот меч против Интер во рамките од осмото коло во Серија А.
По досега одиграните мечеви Интер има три победи, три нерешени и еден пораз, додека Торино е со биланс од една победам две нерешени и дури пет порази.