Информацијата дека повредениот нигериски голгетер Виктор Осимен нема да игра за Наполи на првиот меч против Милан од четвртфиналето во Лигата на шампионите, не е потврдена од клубот, но италијанскиот весник „Ил Матино“ на насловната страна објави таква вест.
„Нема чудо во Милано, Осимен во аут“, објави Ил Матино, кој обично е добро информиран за случувањата во Наполи.
Осимен кој е прв стрелец на наполитанците, нема да игра на 12-ти април на „Сан Сиро“, и тоа е голем удар за тимот на тренерот Лучано Спалети, пишуваат во Ил Матино.
Нема да играни Џовани Симеоне кој има мускулна повреда, па опциите за централен напаѓач се само Распадори и Лозано.