Нема да има шанса за човечка грешка: Покрај судиите, дуелот меѓу Фјури и Усик ќе го оценува и вештачката интелигенција

Во сабота во Ријад ќе биде реванш-мечот во бокс меѓу Олександер Усик и Тајсон Фјури. Ова ќе биде борба за освојување на три од четирите големи појаси во светскиот бокс во тешка категорија. Мечот треба да започне во 22 часот по македонско време, а Усик влегува како актуелен светски првак.

Украинецот успеа да го победи Фјури на првиот меч, кој беше во февруари оваа година. Усик беше подобар на поени, а Фјури се жалеше дека тој требало да биде победник.

За да нема сега такви забелешки од кој било од боксерите, организаторот на овој бокс меч за првпат во историјата реши во бодувањето да учествува и судија од вештачката интелигенција (АИ). Кога се работи за вештачката интелигенција, тука целосно се отфрла можноста од човечка грешка.

Сепак, АИ судијата нема да влијае на службените резултати од борбата. Мечот вообичаено ќе го оценуваат тројца судии, чии бодови би биле одлучувачки доколку нема предвремен прекин пред да се комплетираат сите 12 рунди.

- Оглас -

Најнови вести