10.8 C
Skopje
понеделник, 8 декември 2025

Нема да има спиење следното лето, познати саатниците за мечевите на СП 2026

По објавувањет на ждрепката за групите на Светското првенство кое следната година ќе се игра во САД, Канада и Мексико, сега е објавен е комплетниот список на натпреварите во групната фаза.

Познато е кој ден колку мечеви ќе се играат и која ќе биде сатницата. Со оглед на тоа дека Мундијалот е на друг континент, јасно е дека во Европа „нема да има спиење“, за да се гледаат сите дуели, односно ќе има средби кои ќе се играат во полноќните термини.

Тоа што е јасно е дека во некои денови ќе има мечеви кои ќе започнуваат во 18 часот по македонско време, но ќе има и средби кои ќе се играат во два, три или четири часот по полноќ. Дури ќе има натпревари што ќе се играат во шест часот наутро по македонско време.

Отворањето на планетарниот собир ќе биде на 11 јуни со дуелот меѓу Мексико и Јужна Африка и ќе започне во 21 часот. Ова е комплетниот распоред на саатниците за средбите во групната фаза на СП 2026.

11 јуни – 21:00 часот
12 јуни – 04:00 ч., 21:00 ч.
13 јуни – 03:00 ч., 21:00 ч., 00:00 ч.
14 јуни – 03:00 ч., 06:00 ч., 19:00 ч., 22:00 ч.
15 јуни – 01:00 ч., 04:00 ч, 18:00 ч., 21:00 ч., 00:00 ч.
16 јуни – 03:00 ч., 21:00 ч., 00:00 ч.
17 јуни – 03:00 ч., 06:00 ч., 19:00 ч., 22:00 ч.
18 јуни – 01:00 ч., 04:00 ч., 18:00 ч., 21:00 ч., 00:00 ч.
19 јуни – 03:00 ч., 21:00 ч., 00:00 ч.
20 јуни – 03:00 ч., 06:00 ч., 19:00 ч., 22:00 ч.
21 јуни – 02:00, 06:00, 18:00, 21:00, 00:00
22 јуни – 03:00, 19:00, 23:00
23 јуни – 02:00, 05:00, 19:00, 22:00
24 јуни – 01:00, 04:00, 21:00, 00:00
25 јуни – 03:00, 22:00
26 јуни – 01:00, 04:00, 21:00
27 јуни – 02:00 05:00, 23:00
28 јуни – 01:30, 04:00

- Оглас -

Најнови вести