Арина Сабаленка од Белорусија и Кинвен Џенг од Кина ќе играат во женското финале на Отвореното првенство на Австралија.
Сабаленка, која е втора носителка, и 12-тата фаворитка Џенг, во полуфиналињата победуваа со по 2-0 во сетови. Сабаленка ја совлада Американката Коко Гоф, а Џенг беше подобра од Украинката Дајана Јастремска, која е 93-торангирана и беше најпријатно изненадување на турнирот.
Џенг првпат во кариерата ќе игра финале на еден гранслем-турнир, а таа е прва Кинеска по На Ли од пред десет години која стигнала до финале на еден од четирите најголеми тениски турнири на светот.