Нема да ја продолжи голманската лоза – Синот на Боно ќе биде напаѓач, приреди шоу за овации од Мароканците (Видео)

Јасин Боно е еден од големите јунаци на Мундијалот во Катар и особено кај Мароканците, кои се во фудбалски транс по историскиот успех и пласман во полуфиналето, прв и за нив како земја и за африканскиот континент.

Боно брани извонредно на турнирот и ќе конкурира за најдобра „единица“, а како тргнала работата неговиот наследник нема да ја наследи голманската лоза во семејството.

Синот на Боно приреди шоу што громогласно го поздравија мароканските навивачи по победата против Португалија со 1:0 за пласман во поуфиналето на турнирот.

Боно јуниор, иако е многу мал сигурно тргна со топката кон голот и од два обиди ја затресе мрежата и покажа дека има потенцијал да прерасне во добра напаѓач.

Мароканските навивачи со овации го поздравија, а можеби ќе имаат шанса да го бодрат во иднина и на некој Мундијал.

 

 

- Оглас -

Најнови вести