Нема да му биде лесно, Ѓоковиќ денеска игра против ривал кој никогаш го нема победено

Српската пресметка помеѓу Новак Ѓоковиќ и Филип Крајиновиќ, ќе биде осминафиналниот натпревар кој предизвикува најголемо внимание на денешната програма на Мастерсот во Рим, затоа што првиот светски рекет не знае за победа против сонародникот.

Ѓоковиќ и моментно 29-тиот на АТП-листата, Крајиновиќ, досега играле само еден официјален меч, и тоа пред десет години на „Србија опен“, и тој му припадна на помладиот тенисер откако Новак се предаде по првиот сет. Еден против друг играа и на егзибицискиот „Адрија тур“ во Белград и повторно Крајиновиќ беше поуспешен.

Ретки се тенисерите кои играле повеќе од еднаш против Ѓоковиќ и не загубиле, затоа внимателно при прогнозирањето доколку во Sport Life решите да се обложите на најдобриот на светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести