Не само Македонија, туку и Грузија гледа златна шанса да се најде на најголемиот континентален собир, на 12 ноември Грузијците ќе ни бидат домаќини во финалето кое ќе го одреди патникот на фудбалското ЕП. По победата над Белорусите, грузиските фудбалери жестоко прославија во својата соблекувална.
Навивачите го испратија автобусот со палење голем број факли во знак на поддршка и очигледно е дека во финалето ќе имаме противник кој ќе биде максимално мотивиран.
Еве дел од прославата на Грузијците: