Фудбалското првенство во Јужна Кореја ќе продолжи на 8 мај, но ќе има низа на ригорозни мерки кои фудбалерите ќе треба да ги почитуваат додека се на терен. Тие мерки се како превенција за заштита од Коронавирусот.
Играчите нема да смеат да се поздравуваат пред дуелот, а интересно е што во текот на мечот ќе им биде забрането да зборуваат. Никаква комуникација нема да смее да има меѓу играчите на теренот, за да се избегне евентуален орален контакт. Тренерите покрај аут линијата ќе може да даваат совети, но ќе мора да носат маски. Како и во најголемиот дел од светот, нема да биде дозволено присуство на публика.
Екипите во К-лигата веќе неколку дена започнаа со тренинзи, а во следните две недели ќе мора да се навикнат на новите правила. Првиот меч кој ќе се игра по паузата е средбата меѓу Жеонбук Моторс и Сувон, кој според планот требаше да се игра на 29 март.
Во Јужна Кореја досега има преку 10.700 заразени од опасниот вирус, а починати се 240 луѓе.