26.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Нема да ви се допадне англискиот експеримент – Ќе се игра фудбал без удари со глава

Чуден меч ќе се игра на 26 септември во Спенимор, Англија, а поранешни професионални фудбалери ќе се обидат да одиграат пријателски и експериментален меч без удари со глава.

Поточно, во првото полувреме ќе биде дозволено да се удира топката со глава само во шеснаесетник, а во второто полувреме ниту тоа.

Идејата е на професорот на Вили Стјуарт, кој предава на Универзитетот во Глазгов и кој објави научен труд дека фудбалерите петпати повеќе страдаат од деменција од обичните луѓе.

Експериментот иако е со добра намера, сигурно нема да им се допадне на љубителите на фудбалот, особено на тие во Велика Британија, каде што се игра фудбал со многу контакти, а ударите со глава на некој начин се и симбол на играта со векови во Англија, Шкотска, Велс и двете Ирски, Република и Северна.

 

- Оглас -

Најнови вести