Нема дилема, Македонија ќе победи, само прашање е со колку разлика

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година е голем фаворит на денешниот меч против Гибралтар, во рамките од квалификациите за пласман на Европското првенство. Ова е дуел на селекции кои се на двете последни места во групата. Македонија има само три освоени бода од четири меча, а Гибралтар е со три бода од шест одиграни дуела, но според очекувањата, нашата репрезентација треба лесно да донесе радост по средбата која ќе започне од 14 часот на арената „Тодор Проески“.

И покрај тоа што Македонија е голем фаворит, селекторот Драги Канатларовски повикува на претпазливост, потенцирајќи дека Гибралтар победи на гости кај Молдавија, гостување каде што Македонија загуби.

„Во денешно време нема лоши противници, тоа Гибралтар го покажа и на натпреварот против Молдавија, кога убедливо победија. Го анализиравме тој натпревар и видовме дека не се работи за некој квалитет од рангот на Шведска или слични репрезентации, но за да победиме, мора да го дадеме максимумот“, предупредува Канатларовски.

По трите порази во квалификациите, Македонија сега е само со теоретски шанси да стигне барем до второто место, кое може да даде можност за пласман на континеталниот собир.

- Оглас -

Најнови вести