Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски утревечер ќе биде на голот на Валенсија на дуелот со Реал Мадрид во заостанатиот меч од шпанската лига.
На клупата на Валенсија ќе дебитира новиот тренер Карлос Корберан и дербито со Реал, каде што ќе биде напаѓан од Мбапе, Винисиус, Родриго, Белингам и останатите ѕвезди, ќе биде одлична шанса за Столе да се покаже.
Димитриевски беше резерва на Георги Мамардашвили, но Грузиецот се повреди, уште не е фит, тренира самостојно и не е во комбинација за настап, што значи дека македонскиот голман ќе биде меѓу стативите на „Местаља“.