Нема дополнителна казна за Левандовски, ќе може да игра против Реал Мадрид

Роберт Левандовски и Жоао Кансело, кои против Лас Палмас добија жолти картони, нивни петти сезонава, добија суспензија од по еден натпревар, што значи дека ќе го прескокнат гостувањето кај Кадис, но ќе имаат право на настап на Ел Класико против Реал на 21 април во Мадрид.

Имаше сомнежи дека можеби намерно пожолтеле, особено Полјакот, кој беше санкциониран за задржување на времето додека излегуваше од игра, жртвувајќи го дуелот со Кадис за да може да играат на мегадербито. Но, дисцилинската комисија процени дека играчите на Барса се чисти и немале „задни намери“ и намерно предизвикување на судијата да им додели картон.

На претстојниот меч со Кадис на 13 април, од жолти картони треба да се пазат Гундоган, Кристенсен и Ромеу бидејќи ако добијат картон, тоа ќе значи суспензија и неиграње против Реал.

- Оглас -

Најнови вести