На вчерашното дерби во Сплит помеѓу Хајдук и Динамо Загреб, на трибината со гостински фанови имаше и една калуѓерка, а при влезот на „Пољуд“, и таа беше детално претресувана како и сите други навивачи.
Фотографијата стана хит, па многумина се заинтересираа за девојката од „Бед Блу Бојс“. Станува збор за калуѓерката Ивона Јурчевиќ од Томиславград, која е голем фан на Динамо. Таа често оди на стадион, па не се бунеше кога дојде редот да биде претресена. Правилата си се правила.