Нема фудбал и кај светските прваци – Франција ги замрзна Лига 1 и Лига 2

И во Франција нема да се игра фудбал на неодредено време поради Коронавирусот, а ЛФП донесе одлука да го замрзне статусот на Лига 1 и на Лига 2.

Забраната за фудбал стартува веднаш и денеска нема да се игра мечот меѓу Лион и Ремс, како и сите второлигашки дуели, а и викендов кај светските прваци ќе нема фудбал, односно нема да се одигра 29-тото коло од најквалитетната француска фудбалска лига.

На почетокот на кризата беше донесена одлука да се игра без публика до 15 април, но сега поради брзото ширење на вирусот, сите фудбалски активности се ставени во мирување.

 

- Оглас -

Најнови вести