Нема гол кој може да се спореди со сексот со Георгина

Кристијано Роналдо е вистински кошмар за Атлетико Мадрид. Како играч на Реал, Португалецот има дадено многу голови во дуелите со Јорганџиите, а во ист ритам продолжи и по трансферот во Јувентус. Атлетико и Јувентус играа минатата сезона во нокаут-фазата од Лигата на шампиони, а Роналдо со три гола на дуелот во Торино, речиси сам го елиминираше противникот.

При секое постигнување на погодок, Роналдо се радува со иста страст како да му е прв. Запрашан за тоа дали постигнувањето голови му е поубаво од сексот со неговата девојка Георгина Родригес, Роналдо немаше дилема и веднаш одговори.

„Голот против Јувентус ми е омилен. Имам дадено над 700 погодоци, но никогаш немав погодено со ножички. Тогаш се случи тој меч. Против Јувентус и Џиџи Буфон во Лигата на шампионите. Тоа беше прекрасен момент. Сепак, ако ме прашувате дали тоа е подобро од сексот, веднаш ќе ви одговорам. Ниеден гол не е подобар од сексот со мојата Георгина“, рече Роналдо, кој најави и дека во брза иднина може да се ожени со неговата долгогодишна девојка, со која има и дете.

 

- Оглас -

Најнови вести