Новото 11-то коло на Спортска прогноза нема големо и значајно дерби на менито на 13-те одбрани парови, што веројатно е шанса конечно да се погодат сите натпревари за добитна Тринаесетка.
Може да се одигра до утре до 14 часот, кога ќе започне првиот меч од оваа рунда, меѓу Алмерија и Селта во шпанската Ла Лига.
Во фокусот во сабота ќе биде дуелот во Бундеслигата меѓу двајцата учесници во Лигата на шампионите меѓу Ајнтрахт и Борусија Дортмунд што ќе се игра во Франкфурт од 18.30 часот.
Сите 13 натпревари и двете резерви се од Топ-5 лигите, што е познат терен за обложување и за сите страсни учесници во нашата бесплатна игра, Спортска прогноза.
Погодена Тринаесетка значи дека можете сами да си одберете подарок од три понудени варијанти на Sport Life и Спорт Манија, кои се организатори на бесплатната и забавна игра.
Изборот е меѓу три вредни подароци, а ваше е само да погодите перфектна Тринаесетка и потоа да размислите што ќе одберете од понудените варијанти:
Смарт Тв Самсунг 55” 4K
Xiaomi Електричен тротинет
X Box Series X