Нема голови, но има тензии и инциденти во Тетово, стоп за Шверцери уште на патарина

Навивачите на Шкупи, Шверцери, не добија дозвола за присуство на стадионот во Тетово на дербито со Шкендија, клуб од кој чаирчани ја презедоа шампионската титула, но попладнево има големи тензии и инцидент поврзан со оваа средба, која сепак се игра.

На првата патарина кон Тетово, Шверцерите наидоа на полициски кордон кој не им дозволи да продолжат понатаму, по што мораа да се вратат во Скопје. Тренерот Гоце Седлоски ги смируваше фановите и им вети добра игра на неговиот тим.

При пристигнувањето во Тетово, Фрлани се разни предмети кон автобусот на Шкупи, а при влезот на стадион, имаше мешаница во која неофицијално повредени биле играч и лекарот.

Средбата се игра, а резултатот по првото полувреме е 0-0. Шкупи е нов првак и игра за честа и навивачите, додека на тетовци бодовите им требаат за излез на европска сцена.

 

- Оглас -

Најнови вести