Тренерот на Барселона, Ханс Дитер Флик, беше ѕвезда на понеделничкиот тренинг затоа што денеска му е роденден, полни 60 години, а и прифати пред сите играчи на Барса да се потчини на традиционалниот „коридор од шамари“.
Отпрвин Флик беше малку колеблив, но на крајот го почитуваше обичајот. Овој „ритуал“ се спроведува секогаш кога играч или член на првиот тим на Барса има што да слави, без разлика дали тоа е продолжување на договорот, закрепнување од повреда, роденден или за добредојде во клубот ако е нивен играч.
Германецот протрча низ тунелот и доби неколку „заушки“ пред да почне тренингот. Флик беше насмеан, но не му е баш до смеење што Ламин Јамал не беше присутен на сесијата бидејќи уште закрепнува од жестокото газење кое го доби против Лас Палмас во саботата и не се знае дали ќе може да игра утре, на куп-дуелот против Атлетико Мадрид.
¡Ni Flick se libra del pasillo! 🎁 pic.twitter.com/mJcXc3bRxt
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) February 24, 2025