Сцените што денес се случуваа за време на дуелот меѓу Венло и Цволе од младинската фудбалска лига во Холандија, ќе се паметат по трагикомичниот настап на 18-годишниот дефанзивец Јенс Јакобс.
Младиот Јакобс одигра толку ужасно во околу 20 минути што ги помина на теренот, што дефинитивно може да му влијае и врз самодовербата.
На теренот истрча во 12-тата минута по принудна измена на домаќините, а само 11 минути подоцна направи пенал и заработи жолт картон за непромислениот фаул, откако го собори противникот со раце во својот шестнаесетник.
https://twitter.com/ESPNnl/status/1561310378788782081?s=20&t=euhzS0O4wTrhZfNPtKn1PQ
Само десетина минути подоцна, следуваше нов аматерски прекршок на Јакобс, овојпат со остар старт го урна противничкиот играч на тревата, за да добие втор жолт и во 34-тата минута да се упати кон соблекувалњатата поради исклучување.
За работите да бидат уште потрагични, Венло беше декласиран со 0-4 од Цволе за прекин на мини-серијта од две победи во младинското холандско првенство.