Веќе од поодамна е познато дека ПСЖ е старо-новиот шампион на Франција, но избраниците на Луис Енрике продолжуваат да „газат“ и ја забележаа и 10-тата победа по ред, а после 29 првенствени кола се уште немаат пораз.
Најнова „жртва“ на „светците“ беше составот на Ле Авр, кој беше победен со 2-1, со головите на Дуе во осмата и на Рамос во 50-тата минута. Почесниот гол за гостите беше дело на Сумаре во 60-тата минута.
Во 2025 година, ПСЖ има само едно реми во првенството, кое се случи на 25-ти јануари, кога „светците“ одиграа 1-1 против Ремс на домашен терен.