37.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Нема калкулации: Познати составите за дербито Интер – Милан, дилема е кој прв ќе даде гол: Ибра или Лукаку?

По завршување на репрезентативните обврски, денеска следуваат возбудувања во италијанската Серија А. Интересно ќе биде на дуелот Наполи – Аталанта, додека Јувентус не треба да има поголеми проблеми на гостувањето кај Кротоне. Од четирите денешни мечеви, најатрактивно ќе биде на градското дерби меѓу Интер и Милан.

Иако нема да има публика, секогаш е „жешко“ кога играат градските ривали. Мечот почнува во 18 часот, а италијанските медиуми веќе ги објавија најверојатните стартни состави.

Според најавите Интер ќе стартува со: Хандановиќ, Дамбросио, Де Вриј, Коларов, Хакими, Видал, Брозивиќ, Перишиќ, Барела, Лаутаро и Лукаку.

На спротивната страна, Милан во нападот ќе биде предводен од Ибрахимовиќ, а стартниот тим на тренерот Пиоло треба да биде: Донарума, Калабрија, Кјаер, Ромањоли, Ернандес, Кеси, Бенасер, Саелемекерс, Калханоглу, Дијаз и Ибрахимовиќ.

Во Sport Life, дербито Дела Мадонина е на посебна понуда за Специјален сингл имате одлична понуда.  Ибрахимовиќ и Лукаку се фаворити за први да постигнат гол, а првиот гол да е автогол е со коефициент 18.

Може да се облиожите во кој период ќе биде постигнат првиот погодок, кој ќе има прв или последен корнер, колку корнери ќе има вкупно на дуелот и уште многу други игри кои ќе ви го направат дербито уште повозбудливо за следење.

 

- Оглас -

Најнови вести